Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Златна потковица“ на „Астерфест“ за филмот „Сведок“ на Али Азгари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
svedok

Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција ја доби заградата „Златна потковица“ на 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица.

„Сребрена потковица“ доби филмот „Божилак“ на Александар Вујовиќ (Црна Гора, Италија, Албанија), а бронзената му припадна на филмот „Мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен од Данска.

— реклама —

Награда за најдобар автор „Ацо Алексов“ жирито му ја додели на филмот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова (Молдавија, Португалија, Унгарија, Белгија).

Награда за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ му припадна на филмот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот (Франција, Данска , Канада).

— реклама —

Специјална диплома од жирито доби филмот „Раселени“ на Самир Карахода од Косово.

Фестивалската програма продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, а фестивалот ќе биде затворен утре со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0tntntlob7t11mHDfKc

(Видео) Стигнува четвртиот дел од култната комедија „The Fockers“

Магазин | пред 2 дена

— реклама —
media-library6497oikt5u94ay2ipY1

(Видео) Ен Хатавеј на работ на слом во новиот трејлер „Mother Mary“

Магазин | пред 2 седмици

media-library833h498187aie1cP7kq

„Чарлиевите ангели“ добиваат нов филм: Култната франшиза повторно на големото платно

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryail7ejttqa2eciGeUFj

(Видео) Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања