Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Зомби брод“ откриен во Орумскиот теснец – користи лажен идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Би-Би-Си идентификуваше брод во Персискиот Залив за кој се тврди дека се обидува да го прикрие својот вистински идентитет во услови на зголемени поморски тензии и американска блокада кон Иран, покажува анализа на британскиот јавен сервис.

Според истрагата, бродот преку системите за автоматско следење се прикажува под името „Race“, но тоа, како што наведува Би-Би-Си, не може да биде точно бидејќи пловилото со тоа име е расходувано уште во 2023 година. Последната регистрирана позиција му била во близина на Ормускиот теснец.

— реклама —

Би-Би-Си посочува дека станува збор за практика позната како „зомби брод“, при која пловилата користат идентитети на веќе непостоечки или повлечени бродови, со што значително се отежнува нивното следење.

Во извештајот се наведува дека во регионот се забележани и други методи на прикривање, вклучително и исклучување на системите за следење, манипулација со сигналите и лажно прикажување на локацијата, со цел бродовите да изгледаат како да се на друго место.

— реклама —

Би-Би-Си исто така пренесува дека дел од танкерите кои минуваат низ регионот се под санкции и не пријавуваат јасно крајна дестинација, што дополнително ја отежнува контролата на поморскиот сообраќај.

Напнатоста во Персискиот Залив се зголемува по ограничувањата на поморскиот сообраќај и воведените мерки поврзани со блокадата, при што се предупредува дека секој обид за пробивање на контролите може да биде запрен со сила, доколку е потребно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Кризата во Ормускиот теснец се заострува: Америка запрела 28 ирански бродови

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoop8gvjbr0hf7v7qDXK

Нападнат брод во близина на Ормускиот теснец

Свет | пред 4 дена

brod

Прв крузер помина низ Ормускиот теснец од почетокот на војната

Свет | пред 5 дена

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Американската блокада не го запре поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања