Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зоран Заев им врачи плакета на Тамара и тимот кој настапи на Евровизија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
6-5

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ја прими Тамара Тодевска, и комплетниот авторски и сценски тим на Македонија што оваа година настапи на изборот на Песна на Евровизијата - Евросонг 2019.

— реклама —

Премиерот Заев во свое име, во име на Владата, како и во име на граѓаните на нашата земја ѝ се заблагодари на Тамара Тодевска и на целата екипа за гордоста што им ја приредија на граѓаните со извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Горда“ (Proud).

— реклама —

Во таа чест, премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.

— реклама —

Премиерот Заев истакна дека Тамара и тимот на Македонија на Евросонг 2019 станаа херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права.

Тамара и целиот авторски и сценски тим се заблагодарија за поддршката и ги пренесоа силните впечатоци и возбудувања од нивниот настап на Евросонг 2019, и истакнаа дека огромната поддршка што ја имаа за цело време пред и за време на финалната вечер, беше дополнителна мотивација и охрабрување за беспрекорниот настап и за големиот успех на целиот тим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања