На 21.01.2022 во 11.15 часот полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции и странци Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Х.Х.(31) од Индија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“. Имено, околу 01.30 часот во село Речица, кумановско, биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Република Србија до Република Северна Македонија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Лицата мигранти биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Табановце“.
Индиец криумчарел мигранти во Македонија
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија