ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Инес Ефремова проговори за голготата низ која поминала нејзината ќерка поради коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
273047031_10227771778223587_5129128331962462959_n

Ликовната уметница Инес Ефремова на социјалните мрежи ја сподели голготата што нејзината 2-годишна ќерка ја проминала

— реклама —

„Сакам да ја споделам голготата што мојата 2-годишна ќерка ја пројде поради короната, пред сè, затоа што можеби ќе помогне некому, па нема да завршите со пневмонија и цитокинска бура додека докторите ве убедуваат дека не ви е ништо.

— реклама —

Имено, пред три недели моја Лулу разви температура. Ден потоа развив и јас, веднаш се тестерива и испаднав позитивна на ковид. Се изолиравме, комунцирав со својот матичен лекар за терапија и не ни помислував дека ќерка ми ќе има последици пошто нели „на деца нишо не им е“. После третиот ден мојата температура прекина но, Лулу продолжи да качува. Направивме крва слика, ја однесовме на преглед и матичната нè врати дома велејќи ни да почекаме до 5ти ден со фебрилност. Без да има подобрување, на 5иот ден истиот круг – крвна слика, преглед и матична која нè убедува дека нема простор за паника. Но, со сопругот не сме скроз аналфабети за медицина и веќе почнавме сериозно да се загрижуваме. Доаѓа 7ми ден како Лулу качува температури до 39.5, пак прегледи, крвни слики и пак убедувањеда почекаме.

— реклама —

Тогаш решивме дека веќе нема да чекаме одговори од матичната докторка и се упативме во Институтот за белодробни заболувања Козле. Таму и’ направија рентген на бели дробови на Лулу и не вратија дома, велејќи дека ќерка ни е добра. Доаѓа 9ти ден, Лулу на интервали од 4 часа (односно штом помине дејството на антипиретикот) постојано качува температури од над 39 степени. 3ти пат одиме во Козле, втор доктор го гледа рентгенот на Лулу, вели дека плуќата и’ е во ред, ни препишува антибиотик и пак не праќа дома. Вечерта поворно Лулу гори. Тука со сопругот решаваме дека или ќе ја хоспитализираат Лулу во Козле, или ќе молиме во некоја од приватните болници за прием, ама веќе дома не седиме. После долго инсистирање, конечно не’ примија. Утредента и направија испитувања и испадна дека не само што белите дробови не и’ се во ред, односно има пневмонија, туку дека има и цитокинска бура. Следеше интравенозна терапија со корикостероид и антибиотик и 10 дена лежење во болница. Тука ќе прекинам со раскажување од остатокот на хоророт, затоа што не ми е поентата да повторам колку ни се некомпетентни докторите и колку ни е во распад здраството. Важно е дека сега сме дома и Лулу е добра.

Го кажувам ова за, доколку сте родител, не спиете на увото „дете е, ко на куче ќе му помине короната“. Исто, за секоја температура која трае повеќе од 3 дена, да не прифаќате ништо помалку од терапија и дополнителни испитувања ако температурата трае 5 дена. Воедно, со оглед на тоа дека последиците од корона се појавуваат многу често од 7миот до 13иот ден, да бидете будни и внимателно да следите ситуација дури и ако има подобрување во првичните симптоми.

Не чекајте „другите“ или власта или било кој друг да ве заштити. Нема, треба сами да се штитите и да бидите бидете одговорни за себе и своите блиски. Образувајте се за своето здравје, имате многу медицински релевантни информации достапни на нет и имајте во предвид дека докторите прават (многу) грешки, а короната е болест за која уште малку се знае. Конечно, не верувајте дека омикрон е лабав и ковидот пројде. Козле е полно со деца со последици од ковид, Толку полно што немаат слободни кревети. А, имаат дечиња на кислородна поддршка, до толку е лошо.

А, за да не биде ова безлична приказна, еве го лицето на Лулу додека преку болнички прозор го гледаше тато со канила во рака.

Никогаш и никому да не се повтори“, вели Инес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања