Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Инфлацијата во САД достигна највисоко ниво во речиси три години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
inflacija

Растот на потрошувачките цени во САД продолжи и во април, при што инфлацијата достигна највисоко ниво во речиси три години, покажуваат податоците на американското Министерство за труд.

Според објавените бројки, потрошувачките цени во април пораснале за 3,8 проценти на годишно ниво, што е најсилен раст од мај 2023 година. Во март инфлацијата изнесуваше 3,3 проценти.

— реклама —

Главен двигател на растот повторно беа цените на енергијата. Тие во април скокнаа за 17,9 проценти во споредба со истиот период лани, додека бензинот поскапе за 28,4 проценти.

Раст е забележан и кај храната, чии цени се зголемија за 2,9 проценти на годишно ниво.

— реклама —

Кога од пресметката ќе се исклучат храната и енергијата, таканаречената базична инфлација изнесуваше 2,8 проценти, што е исто така повисоко од март.

— реклама —

На месечно ниво, инфлацијата во април сепак благо забави. Потрошувачките цени пораснаа за 0,6 проценти во однос на март, кога растот беше 0,9 проценти.

Аналитичарите оценуваат дека високите цени на нафтата, поттикнати од конфликтите на Блискиот Исток, продолжуваат силно да влијаат врз американската економија и врз цените на горивата.

Се очекува американската централна банка – Federal Reserve – да ги задржи каматните стапки непроменети уште подолг период.

Според агенцијата Reuters, растот на инфлацијата може да претставува и политички проблем за американскиот претседател Доналд Трамп пред претстојните избори за Конгресот, бидејќи високите цени на горивата и животните трошоци остануваат едно од главните незадоволства кај граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најавува решение, но преговорите со Канада бележат мал напредок

Свет | пред 6 часа

media-library5tq0pbo49a3v7KOZ0Ys

Третпат го гонат поранешниот шеф на ФБИ: „Би било смешно да не беше толку ужасна злоупотреба“

Свет | пред 1 ден

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања