Иницијативниот одбор за формирање листа на независни кандидати „ОХРИД ПРЕД СЕ“, од денес започнува активно да делува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Ohrid-pred-se-logo2

Почитувани охриѓани, Иницијативниот одбор за формирање листа на независни кандидати „ОХРИД ПРЕД СЕ“, од денес 19.05.2021год. започнува активно да делува на охридската политичка сцена. Локацијата на првата, од неколкуте канцеларии кои последователно ќе се отвараат, е “Булевар Туристичка” бр.75 (во непосредна близина на маркет Тамаро 5), се вели во соопштението од Иницијативен одбор за независна листа на група граѓани „ОХРИД ПРЕД СЕ“.

— реклама —

Тие во соопштението додаваат:

— реклама —

Како што беше потенцирано во првото соопштение на Иницијативниот одбор на „ОХРИД ПРЕД СЕ“, основната цел на оваа граѓанска иницијатива останува активното и масовно учество на граѓаните, со предлози за изработка на изборната програма и предлози за персонализација на изборната листа.

— реклама —

Граѓанската иницијатива, преку простории во неколку урбани заедници на територија на град Охрид, ќе им овозможи на граѓаните непосредно запознавање со оперативната методологија и концепт со кој „ОХРИД ПРЕД СЕ“ ќе го разбие сивилото на локалната политичка сцена и ќе го врати Советот на општината во

рацете на граѓаните.

Просториите на граѓанската иницијатива „ОХРИД ПРЕД СЕ“ ќе бидат отворени за посети од граѓаните секој работен ден од 08.00ч. до 20.00ч. и согласно активните протоколи и ограничувања во време на пандемија.

ДОВОЛНО ГЛЕДАВМЕ КАКО СУДБИНАТА НА ОХРИД СЕ УПРАВУВА ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ЦЕНТРИ НА МОЌ ВО СКОПЈЕ!

ВРЕМЕ Е ОХРИЃАНИ ВО СОПСТВЕНИ РАЦЕ ДА ЈА ЗЕМАТ ИДНИНАТА НА СВОЈОТ ГРАД, се вели во соопштението од Иницијативен одбор за независна листа на група граѓани „ОХРИД ПРЕД СЕ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања