Промени тема
Контакт

Инспекцијата ги потврди нерегуларностите: Изградбата на минарето е запрена, пропишана и парична казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dzamija-3

Продолжувањето на изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во центарот на Охрид, кое изминатите две години предизвикува бурна реакција меѓу жителите на градот кои за денес најавија и мирни протести, е запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство.

Како што посочија од оваа институција за Вечер, инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.

— реклама —
— реклама —

– Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција, вели Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија.

— реклама —

Текстот во целост на: vecer.press

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања