„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Инспекциска „војна“ во Кочани: Крстевски обвинува за дивоградби, АХВ го обвинува за глумење инспектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
kujna-kocani-picerija

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, објави видео на Фејсбук во кое врши "контрола" на угостителски објект што, според него, претставува дивоградба со сериозни безбедносни пропусти. Тој обвинува дека во пицеријата „Филитеа“ се пуши во затворен простор, има нелегално приклучена струја, само еден санитарен јазол за два пола, како и две кујни, од кои едната без тоалет.

— реклама —

Крстевски седна во локалот на покана од сопственикот Орце Николов, кој реагираше на наводната селективност на институциите и тврди дека објектот го наследил, а претходно Општината му наплатила користење на просторот. „Во Кочани има 700 дивоградби, нека тргнат по ред“, рече Николов. Крстевски му возврати: „Ова е дивоградба од 2013, но ти свесно си го гледал тоа.“

Градоначалникот повика институциите – АХВ, Пазарен инспекторат, ЕВН – итно да постапуваат и предупреди дека „не смее да се дозволи да се повтори трагедија како ‘Пулс’“, алудирајќи на пожарот од март во кој загинаа 62 лица.

— реклама —

Реакција од АХВ: „Градоначалникот не е инспектор, ги загрозува процедурите“

Агенцијата за храна и ветеринарство остро го осуди настапот на Крстевски, обвинувајќи го за нарушување на професионалните стандарди и ширење дезинформации. Тие тврдат дека не издаваат HACCP дозволи, како што тој лажно сугерира во видеото, туку вршат контрола според законот и регистрираат оператори со храна.

АХВ посочи дека Крстевски нелегитимно влегол во кујна без санитарна книшка и заштитна опрема, со што можел да ја контаминира храната. „Ниту националните, ниту европските прописи не дефинираат фуги на плочки“, наведуваат од агенцијата, додавајќи дека санитарен јазол за персоналот бил обезбеден од угостителот.

Овој случај се случува во сенката на трагедијата од 16 март, кога во пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Локалот работел без дозволи, без систем за евакуација и со затворен излез – по што јавноста остро бара институционална одговорност.

Крстевски во видеото вели дека „во Кочани има институционална криза“ и дека „ќе поднесе пријави против сите кои не постапуваат“. На крајот, тој и сопственикот на пицеријата се согласија дека мора да се најде решение што ќе обезбеди безбедност за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања