„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Инспекциските служби во Охрид констатирале над 1000 дивоградби, од нив 409 лоцирани во заштитен појас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohrid-12

Општина Охрид констатирала дека во градот има над 1000 дивоградби, за кои инспекциските служби имаат констатирано прекршувања. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. Ова е заклучокот кој е донесен со изработката на Регистарот на нелегални градби за подрачјето на Општина Охрид, изработен од локалната самоуправа.

— реклама —

„Во оваа елекронска база на податоци внесени се вкупно 1076 предмети, за кои, во периодот од 2006 до мај 2019 година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење. Во текот на наредниот период општинските надлежни служби ќе извршат проверка и финално уредување на целокупниот регистар, по што ќе се пристапи кон поединечна ревизија за секој посебен предмет и ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, Општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од Владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО“, велат од Општина Охрид.

На 43. сесија на Комитетот за културно наследство, што ќе се одржи наредната недела во Баку, Азејберџан, се очекува да биде донесена одлука и да биде дадена препорака за идниот статус на Охрид, врз основа на забелешките од мониторинг-мисијата на УНЕСКО, која беше направена во април 2017 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања