Штипска „Баргала“ под лупа на УЈП. Директорката Сања Лукаревска со лоша оценка за даночното и сметководствено работење на компанијата. Според неа контролата е при крај. Даночните инспектори не ги интересирале само персоналниот данок на доход и неисплатените плати, туку и данокот на добивка.
Случајот со штипска „Баргала“ стана актуелен откако пред десетина денови подели откази на 100 работници, затоа што три дена не доаѓале на работа. Работниците организираа неколку протести и тврдат дека неосновано се избракани. Тие веќе поднесоа приговори а од ССМ најавија дека отказите ќе се најдат и пред Јавното обвинителство.
Од УЈП велат дека слични контроли се прават и во други фабрики. Посебно во тектилството, кожарството и кондиторството каде има најголеми отпуштања на работници. Во заедничките акции на УЈП со Државниот инспекторат за труд „чешлано“ е работењето во последните неколку години, а неправилности се утврдени во речиси сите контролирани текстилни фабрики, објави 24.mk.
извор: 24.mk.