Инспекторите денес на терен, прва неработна недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rabotnik-gradezen-

Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од денес ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.

— реклама —

-Се известуваат сите работодавачи дека од 01.01.2022 година влегуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) со кои во член 134 став 2 е регулирано дека, „ден на неделен одмор е недела“, потсетуваат од Инспекторатот.

— реклама —

Измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) можете да го најдете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=624

— реклама —

и Правилниците кои произлегуваат од измените и дополнувањата на законот, можете да ги најдете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=622

Работниците кај работодавачите од трговија на големо и мало, денот на неделен одмор го користат во согласност со Законот за изменување и допoлнување на Законот за трговија (Службен Весник бр.295/2021), кој може да го најдете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=624

Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд на следниот линк: https://dit.gov.mk/wp-content/uploads/2018/02/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86-izvestuvanje-za-rabota-vo-nedela.pdf

Известувањето за вршење работа во недела, работодавачите можат да го достават електронски на следната меил адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk или во архивите на подрачните одделенија на ДИТ како и во централната архива во седиштето на ДИТ на бул. Партизански одреди бр.48А, Скопје.

Дополнителни информации за подрачните одделенија, регионите и контакт информации и телефонските броеви на инспекторите по подрачни одделенија можете да добиете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=192

-Со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања, Државниот инспекторат за труд воспоставува дежурства во недела по региони. Ги охрабруваме сите работници на кои ќе им бидат прекршени нивните права во врска со работата во недела, спротивно на законските прописи, да пријават во Државниот инспекторат за труд, се наведува во соопштението од Инспекторатот.

Пријавувањето може да го направат на неколку начини: на веб страницата на ДИТ (https://dit.gov.mk/ ) анонимно или како пријава од познат подносител, со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, преку кол центарот повикувајќи го бројот 15131 од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, и во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони (информации со податоци за дежурни инспектори во неделите во месец јануари 2022 можете да добиете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?p=9833

-Со ова известување Државниот инспекторат за труд сака уште еднаш да нагласи дека при инспекциските надзори приоритет ќе биде доследната примена на овие законски норми, а со цел заштита на правата на работниците, стои во соопштението од Државен инспекторат за труд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања