Инспекторите констатираа дека не е испочитуван процесот на инклузивно образование во случајот со Ембла

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
embla-1

Просветниот инспекторат констатира дека не е испочитуван процесот на инклузивно образование во случајот со Ембла, девојче со Даунов синдром во Гостивар. Ова за ТВ21 го потврдија од Министерството за образование, од каде наведоа дека инспекторите биле на терен.

— реклама —

Сега останува да се види какви активности ќе преземе општина Гостивар, под чие покровителство се основните училишта.

— реклама —

„Во понеделник ќе имам средба со родителите на децата на училиште, повикав и претставници од комисијата за дискриминација и заедно ќе разговараме. Одлуките не треба да се избрзуваат, тие треба да се оценуваат колку што е можно поправедно и рационално. Не ни требаат социјални стигматизации, туку решенија за проблемите“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

— реклама —

УНИЦЕФ, исто така, реагираше за случајот „Ембла“, пишувајќи дека локалните власти треба да ја разгледаат истрагата и да донесат одлука за одговорност на оние кои не ги почитувале правата на децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања