Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronasvadba

На 18.10.2020 во периодот од 20.00 до 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Глумово - Сарај. Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата на Владата на Република Северна Македонија за неносење на лична заштита на лицето.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања