Промени тема
Контакт

Инспекторите за труд казнија осум фирми изминатата недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rabotnik-gradezen-

Во текот на изминатата работна недела од 7.02. до 11.02.2022 година, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 375 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

„Од вкупниот број на надзори извршени се 129 редовни надзори, 177 вонредни надзори и 69 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле по истекот на рокот од издадените решенија.

— реклама —
— реклама —

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 84 решенија од кои 70 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 14 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена .

— реклама —

Издадени се 8 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект“, информираат од Државниот инспекторат за труд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања