Промени тема
Контакт

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава против Тетовскиот Универзитет и ректорот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ilievski

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски покрена барање за прекршочна  постапка за Тетовскиот Универзитет и до ректорот Вулнет Амети.  Барање до Основниот суд во Тетово, за поведување прекршочна постапка против Државниот тетовски универзитет и неговиот ректор, упати вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски, поради непочитување на неговите решенија за укинување на незаконски стекнатите виши звања на тројца функционери од ДУИ и поради непојавување на претставниците од универзитетот на закажаното порамнување, денеска.

„Денеска беше закажано во 10 часот да дојдат. Истите не дојдоа и јас направив записник за порамнување, бидејќи не се тука и барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Тетово. Понатаму, ќе поднесам, исто така и кривична пријава и до ЈО и до другите институции, надлежни за овие состојби кои се случуваат на Тетовскиот универзитет“, рече Илиевски на средбата со новинарите.

— реклама —

Инспекторот се жали и на нетранспарентност во процесот. Откако второстепената комисија одлучи дека тој не бил во право, Илиевски нема увид во нивниот втор надзор за унапредувањата.

— реклама —

Случајот со  незаконски стекнатите виши звања на тројца функционери од ДУИ  го разгледува и Антикорупциската комисија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања