Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Инспекторот кој го барал исчезнатиот Пино заминал во пензија, мајката во агонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
123-1

Утре во Скопје, со почеток од 14 часот пред Собранието, по трет пат на мирен протест ќе излезе мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска. Покрај неа ќе биде и таткото на Арбен, Бекир Аслан, кој трага по својот син повеќе од еден месец, пишува Фокус.

Маја вели дека веќе три месеци живее во агонија, откако нејзиниот 26-годишен син излегол од дома со автомобилот и му се изгуби секаква трага. Таа веќе во два наврати излезе на протест и бараше одговори од надлежните околу тоа како и според кои стандарди и правила се водат истрагите за исчезнатите лица од земјава, бидејќи, очигледно нема успех и десетици граѓани со години наназад не се пронајдени.

— реклама —

-Инспекторот кој работеше на случајот со моето дете замина во пензија, тоа е најновото нешто. Назначен е нов, кој се уште нема разговарано со мене. Вчера го барав, рече дека ќе ми се јави, но уште не ме побарал. Минат деновите, поминаа три месеци… Во ова време – невреме за мене и моето семејство, благодарна сум им на хуманите и сочувствителни луѓе кои ми ја даваат поддршката. Запознав многу луѓе кои ги допре мојата мајчинска болка, добивам пораки со поддршка, тоа ми дава сила и знам дека не сум сама. Но, најважното, каде е моето дете, уште останува нерешено. Барам одговори, барам сериозен пристап од институциите, времето одминува – ни изјави Трпковска, додавајќи дека многу и значи тоа што и таткото на исчезнатиот Арбен ќе присуствува на протестот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања