Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министрите кои имаат имот без покритие, ДПМНЕ остро за законот за потекло на имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
06072021_Sednica-na-Vlada-2

Лицемерие е законот за потекло на имот, ЈО и институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министри кои имаат имот без покритие со години, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата следи откако претходно денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски информираше дека драфт-верзијата на законот предвидува конфискација на имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже.

Според опозициската партија, СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот, додека Николовски, како што тврдат, преку фирмата на неговиот брат врти милионски профити.

— реклама —

„Петре Шилегов додека е градоначалник со чиновничка плата направи хациенда во Маврово која во анкетен лист ја завел како имот од 55.000 евра, а и самиот призна дека истата чини многу повеќе. Дополнително Шилегов крена два ката дивоградба и направи зграда во Тафталиџе. И сето тоа за 4 години со плата околу 1.000 евра. Парите кои ги заработил за 4 години не му стигаат ниту за едно од двата луксузи. Заевци неколкукратно си го зголемија имотот. Братучедите на Заев купуваат и прават фабрики за марихуана низ државата, а името на Вице Заев се спомнува во секој бизнис. Шекеринска во еден мандат се поднови со нова куќа, а Мила Царовска направи луксузна хациенда на Осогово“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Опозициската партија тврди дека функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемиле својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра, а за голем број од нив, Обвинителството иако има докази во изобилство не отвора истрага.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања