Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Интерпол уапси 65 лица во меѓународна акција против тероризмот, учествувале полициските служби на 18 држави, меѓу нив и БиХ, Хрватска и Словенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Свет
interpol

Вкупно 65 лица се уапсени во меѓународната операција „Нептун VIII“, координирана од Интерпол, во која биле вклучени полициските служби на 18 држави, меѓу нив и Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

— реклама —

Според Интерпол, во акцијата биле извршени повеќе од 41 милион пребарувања во полициските бази на податоци, при што биле регистрирани 395 совпаѓања. Од нив, 89 се однесувале на лица барани за кривични дела поврзани со тероризам. Со дополнителни проверки во Шенгенскиот информациски систем било откриено уште 281 совпаѓање поврзано со тероризам.

Меѓу позначајните случаи е задржувањето на двајца патници на аеродромот во Љубљана, кои имале фалсификувани индиски пасоши и шпански визи. Словенечките истражители го проверуваат нивниот идентитет и можните врски со странски терористички борци.

— реклама —

Во Алжир бил уапсен осомничен припадник на терористичка група по кого имало распишана црвена потерница на Интерпол, додека во Тунис бил приведен маж осомничен за логистичка поддршка на терористичка мрежа. Во Тирана, пак, била уапсена жена која ја барала Турција поради осуда за членство во терористичка организација.

— реклама —

Албанската полиција идентификувала и лица поврзани со тероризам по кои биле распишани сини потерници, како и лице за кое САД се сомневаат дека е странски терористички борец.

Операцијата била спроведена со поддршка на Фронтекс, а покрај земјите од регионот, учествувале и Албанија, Алжир, Бугарија, Кипар, Франција, Грција, Италија, Јордан, Либан, Малта, Црна Гора, Мароко, Португалија, Шпанија и Тунис.

— реклама —

Интерпол соопшти дека во операцијата биле откриени нови траги за тековни истраги, а директорката на одделот за борба против тероризмот, Марија Кармен Муњос, порача дека терористичките мрежи не познаваат државни граници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Возач лишен од слобода на Граничниот премин Јажинце по налог од Интерпол

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
Granica-ungarija

Албанец уапсен на ГП Блато по потерница на Интерпол Германија

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Уапсен 26-годишен косовски државјанин по потерница на Интерпол

Македонија | пред 1 година

Banner_Think-Twice-copy-mk

„Помисли двапати“ кампања на Интерпол за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања