На 20.03.2026 во 18:40 часот, полициски службеници на Граничниот премин Јажинце го лишиле од слобода С.А. (48) од с. Радуша. При вршење гранични проверки било утврдено дека патничкото моторно возило „Тигуан“, кое го управувал, било барано од Интерпол – Германија.
Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.