Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестирање во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани. Здравствените работници ќе добиваат за пет отсто повисоки плати веќе од овој месец, вели СДСМ.
„Со СДСМ за овие четири години основната плата на лекарите специјалисти се зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25 отсто, на здравствените соработници за 15 отсто.
Го корегиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.
Покрај инвестициите во човечкиот капитал, се инвестира и во опремување и реновирање на здравствените установи.
Охридскиот регион добива апарат за магнетна резонанца кој е поставен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Апарат за магнетна резонанца е поставен и во Струмица, како и во Институтот за радиологија во Скопје, а Општата болница во Кичево доби апарат за компјутерска томографија.
Од Клиниката за ортопедија во Скопје целосно се реновирани 1.300 квадратни метри и опремен е Ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, како и одделот за нефрологија на Клиника за детски болести.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализирање на проекти и мерки кои значат грижа за здравствените работници и подобрување на квалитетот на услугите за сите граѓани.