Промени тема
Контакт

Инвеститорот по пожарот во Кисела Вода: Каблите не се дел од нашата инсталација, бараме независна истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Настани
media-libraryb2np43r8lnee7DpQxee

Компанијата „Трим и Лум“ се огласи по пожарот што избувна во Кисела Вода, во близина на нивен градежен објект, посочувајќи дека засегнатите кабли и електро-ормари не биле дел од внатрешната инсталација на објектот.

Од компанијата велат дека станува збор за инфраструктура од дистрибутивната мрежа која не е изведена, одржувана ниту управувана од нивна страна.

„Нашите инсталации на објектот се изведени согласно проектна документација, со сите потребни атести и дозволи и не беа извор на инцидентот“, наведуваат од „Трим и Лум“.

Компанијата додава дека изјавите во дел од медиумите според кои пожарот настанал „од непознати причини“ на надворешна изолација не ја прикажуваат целосната фактичка состојба.

— реклама —

Поради тоа, бараат независна и целосна техничка истрага од надлежните институции која треба прецизно да утврди како дошло до напојување на каблите што го предизвикале пожарот.

— реклама —

„Трим и Лум ќе ѝ ги стави на располагање на истрагата сите технички документи, мерења и снимки со кои располага“, посочуваат од компанијата.

Во соопштението нагласуваат дека најважно е што во инцидентот нема повредени лица.

— реклама —

„Безбедноста на станарите и на нашите соседи е и останува наш апсолутен приоритет. Продолжуваме коректно да соработуваме со сите институции и партнери, вклучително и со ЕВН, до целосно расчистување на случајот“, стои во реакцијата на „Трим и Лум“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја дел од Драчево во сабота

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања