Промени тема
Контакт

Иран егзекутира маж: Го обвинија дека на Мосад му давал информации за ракетни позиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран погуби маж обвинет дека на израелските разузнавачки служби им испраќал информации за ирански ракетни позиции, објави денеска иранската новинска агенција „Мизан“.

— реклама —

„Смртната казна е извршена над Хосеин Педаран, кој на Мосад му доставувал информации за ракетните позиции во провинцијата Исфахан“, објави „Мизан“, новинската агенција на иранското правосудство.

— реклама —

Иранското правосудство го обвини Хосеин Педаран за „шпионажа и разузнавачка соработка“ со Израел, но не објави кога бил уапсен ниту кога му било судено. Судските власти навеле дека смртната казна ја „потврдил Врховниот суд“. Иранските медиуми претходно не известувале за овој случај.

— реклама —

Иранското правосудство во август објави дека биле погубени уште двајца мажи обвинети дека на Израел му „проследувале координати на чувствителни воени и безбедносни локации“.

— реклама —

Според организациите за човекови права, Иран е втор во светот по бројот на егзекуции, веднаш зад Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjgophhe4evq21KnGWtW

Иран постави „црвена линија“: Признавањето на правото на збогатување ураниум е клучно

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран најави затворање на дел од пловните рути во Ормускиот Теснец

Свет | пред 17 часа

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 1 седмица

media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања