Иран го повика Тајани да ги исправи своите непромислени пристапки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
Iran

Иранското Министерство за надворешни работи го повика италијанскиот амбасадор во Техеран на разговор поради настојувањата на Рим да ја вклучи Иранската револуционерна гарда (IRGC) во регистарот на терористички организации на Европската Унија, објавија денеска иранските државни медиуми.

— реклама —

Медиумите јавуваат дека Министерството за надворешни работи на Иран предупредило на „деструктивните последици“ од секое етикетирање на Иранската револуционерна гарда. Исто така, било побарано од италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, „да ги исправи своите непромислени пристапки кон Иран“, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Италија оваа недела ќе побара од партнерите во Европската Унија IRGC да биде внесена на списокот на терористички организации на ЕУ. Досега Италија беше меѓу земјите кои се спротивставуваа на ваквиот потег, но Тајани изјави дека иранскиот однос кон учесниците во протестите овој месец, при кој, според медиумите, биле убиени илјадници луѓе, не може да се игнорира.

— реклама —

„Загубите што ги претрпе цивилното население за време на протестите бараат јасен одговор“, напиша Тајани на платформата X и додаде дека ова прашање ќе го покрене на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел во четврток.

Тој истакна дека ќе предложи и индивидуални санкции против оние кои се одговорни за убиствата на демонстрантите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања