Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Иран го реорганизира разузнавачкиот систем по серијата сериозни безбедносни пропусти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Свет
media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh
unsplash

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, наредил реорганизација на државниот разузнавачки систем по низата безбедносни пропусти откриени во изминатите години, соопшти претседателот на парламентот Мохамад Багер Калибаф.

— реклама —

Парламентот веќе го прифатил начелниот предлог-закон и започнал расправа за неговите одредби. Со реформата се прошируваат и условите за избор на министер за разузнавачки работи, функција што е испразнета од 18 март, кога во израелски напад загина дотогашниот министер Есмаил Катиб.

— реклама —

Според новите правила, министерот повеќе нема да мора да биде верски службеник. За функцијата ќе може да конкурира и цивил со магистерска диплома, соодветна стручност и искуство во разузнавачката работа, како и најмалку десет години раководно искуство.

— реклама —

Реформата доаѓа по низа операции на израелските разузнавачки служби на иранска територија, меѓу кои убиствата на нуклеарниот научник Мохсен Фахризаде во 2020 година и лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во 2024 година. Слабостите на иранскиот безбедносен систем особено дошле до израз и за време на дванаесетдневната војна во јуни 2025 година.

— реклама —

Функцијата министер за разузнавачки работи останува непополнета, а претседателот на парламентот побара Владата да не го одложува именувањето на нов министер по завршувањето на законската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран постави седум услови за мир со САД: Техеран одбива преговори додека не бидат исполнети

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 6 дена

media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 1 седмица

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања