Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Иран постави седум услови за мир со САД: Техеран одбива преговори додека не бидат исполнети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Свет
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран нема да започне преговори со САД за завршување на војната додека Вашингтон не исполни седум услови, порача главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамед Багер Калибаф.

— реклама —

Неговата изјава беше пренесена од иранската државна телевизија, но властите во Техеран засега официјално не ги објавиле сите седум барања. Според иранските државни медиуми, меѓу нив се укинување на санкциите, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на запленетиот ирански имот.

Калибаф предупреди дека Иран може да го прошири географскиот опсег на конфликтот доколку, како што рече, противникот направи грешка.

— реклама —

Во меѓувреме, Поморските сили на Иранската револуционерна гарда соопштија дека три танкери за нафта налетале на морски мини во Ормускиот Теснец и се запалиле. Според нивните тврдења, бродовите се движеле спротивно на пропишаните правила, иако од воздух биле следени од американските сили.

— реклама —

Претходно, Иран во септември му доставил на Вашингтон предлог со седум услови. Според претходните медиумски извештаи, покрај укинувањето на санкциите и блокадата, барањата опфаќаат и ослободување на замрзнатиот имот, исплата на воена отштета и прекин на непријателствата на сите регионални фронтови.

Главното несогласување меѓу двете страни е редоследот на чекорите. САД бараат најпрво да биде отворен Ормускиот Теснец, а разговорите за иранската нуклеарна програма да започнат веднаш. Техеран, пак, инсистира прво да бидат укинати блокадата и санкциите.

— реклама —

Иранската страна претходно преку Катар, кој посредува меѓу двете држави, доставила и предлог за нуклеарната програма, но останува на ставот дека за тоа прашање ќе преговара дури откако Вашингтон ќе ги исполни седумте барања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 2 дена

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 3 дена

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања