Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Иран и САД повторно на преговарачка маса во Доха

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs
фото: unsplash

Ирански и американски претставници одржуваат нова рунда разговори во Доха, по потпишувањето на меморандумот за ставање крај на војната и по меѓусебните напади во изминатиот период.

— реклама —

На состанокот, кој е посветен на технички прашања, главни теми се пловидбата низ Ормускиот теснец, евентуалното укинување на санкциите кон Иран и иднината на иранските залихи на високо збогатен ураниум.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата во Доха може да биде значајна, но нагласи дека САД остануваат на ставот дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.

— реклама —

„Состанокот во Доха можеби ќе биде важен, можеби не. Ќе видиме. Не сакаме Иран да има нуклеарно оружје, а тие се согласија на тоа“, изјави Трамп.

— реклама —

Во меѓувреме, Иран и Оман го одржаа и првиот состанок на новоформираниот Заеднички комитет за Ормускиот теснец, на кој се разговараше за идното управување со овој стратешки важен воден пат.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека на средбата биле разгледани актуелните прашања поврзани со теснецот, како и идното управување во согласност со одредбите од Меморандумот за разбирање од Исламабад.

— реклама —

Вашингтон и Техеран имаат рок до средината на август да постигнат траен мировен договор, кој треба да вклучува и решение за спорната иранска нуклеарна програма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 2 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања