Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран им се закани на земјите од Заливот: Секој што ќе им помогне на САД ќе сноси последици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иранското Министерство за надворешни работи најостро ги осуди американските воздушни напади врз цели на југот на земјата, оценувајќи ги како „акт на агресија“ и грубо кршење на Меморандумот за разбирање.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека американската војска во раните утрински часови извела напади врз повеќе центри за надзор и следење на јужниот брег на Иран, што, според Техеран, претставува прекршување на Повелбата на Обединетите нации и на договорот со кој беше предвиден прекин на воените операции.

— реклама —

Иранските власти упатија предупредување и до државите од јужниот брег на Персискиот Залив, истакнувајќи дека тие имаат обврска да не дозволат нивната територија или инфраструктура да биде користена за напади врз Иран.

„Секоја соработка во агресија против Иран ќе се смета за соучесништво во тој чин“, порача Министерството.

— реклама —

Воедно, Техеран ги повика Советот за безбедност на Обединетите нации и генералниот секретар на ОН да ги исполнат своите обврски, нагласувајќи дека иранските вооружени сили ќе го искористат правото на самоодбрана.

„Нема да се двоумиме да го браниме територијалниот интегритет, суверенитетот и безбедноста на Иран и ќе одговориме со напади врз изворите и местата од каде што се извршуваат нападите“, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 12 часа

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања