Промени тема
Контакт

Иран: Нема мировен договор со САД без крај на војната во Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Спроведувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран нема да биде возможно доколку не заврши војната во Либан, порача ирански претставник во пресрет на денешните преговори меѓу двете земји во Швајцарија.

— реклама —

Сејед Мехди Табатабаи, заменик задолжен за комуникации и информирање во Кабинетот на иранскиот претседател, преку објава на социјалната мрежа Икс, предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Либан може целосно да го загрози постигнатиот договор.

„Продолжувањето на злосторствата на ционистичкиот режим во Либан ќе доведе до поништување на целиот договор“, напиша Табатабаи.

— реклама —

Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Багаи најави дека Техеран на денешната средба во Швајцарија ќе го отвори прашањето за, како што наведе, прекршувањето на почетниот мировен договор. Според иранската државна агенција „Фарс“, разговорите се очекува да продолжат до вечерните часови, но не и да траат подолго.

— реклама —

Во меѓувреме, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повторно нагласи дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје.

„Единственото што ја интересира Америка е да не поседуваме нуклеарна бомба. Нашиот врховен водач повеќепати јасно кажа дека не сакаме атомска бомба. Америка побара тоа да го ставиме и во писмена форма, а ние го сторивме тоа“, изјави Пезешкијан.

— реклама —

Преговорите во Швајцарија се одржуваат во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и неизвесност околу иднината на американско-иранските односи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Свет | пред 7 часа

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

До 10.000 американски војници се упатуваат кон Блискиот Исток, Трамп разгледува нови потези кон Иран

Свет | пред 15 часа

media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Осуденичка преживеала егзекуција во САД, останала жива и по две дози смртоносна инјекција

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања