Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран преговара со 6 земји по нападите врз Кувајт и Бахреин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

По нападите со беспилотни летала и ракети врз Кувајт и Бахреин, Иран започна интензивни дипломатски активности со повеќе држави од регионот и пошироко.

— реклама —

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, остварил телефонски разговори со своите колеги од Франција, Турција, Катар, Египет, Пакистан и Саудиска Арабија, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

— реклама —

Според Техеран, дипломатските контакти следуваат по нападите кои иранските власти ги оправдуваат како одговор на, како што наведуваат, „америчка агресија“.

— реклама —

Во разговорот со пакистанската страна, покрај министерот за надворешни работи, учествувал и началникот на Генералштабот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, што дополнително ја нагласува важноста што Исламабад ѝ ја придава на актуелната безбедносна ситуација во регионот.

Засега не се соопштени повеќе детали за содржината на разговорите, но дипломатската активност доаѓа во време на зголемени тензии во Персискиот Залив и стравувања од натамошно проширување на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 3 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања