Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран со жестока порака до Канада: „Стана резервен тим на САД во војната против нас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран ја обвини Канада дека станала „резервен тим“ на САД во војната против Иран, откако од Отава биле упатени критики и потези кои Техеран ги оценува како поддршка на Вашингтон.

— реклама —

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјавил дека Канада, наместо да води независна политика, се приклучила кон американските позиции.

— реклама —

„Официјална Отава учествува во американската нелегална војна против Иран за да му угоди на Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не игра заедно со САД, туку е сведена на улогата на резервен тим“, рекол Багаеи.

Тој ја обвини и канадската влада за, како што наведе, прекумерна послушност кон американската администрација. Според него, САД истовремено ја нарекуваат Канада своја „51. сојузна држава“, воведуваат царини за нејзината стока и ѝ се закануваат со санкции поврзани со еколошки прашања.

— реклама —

Иранскиот претставник оцени дека одговорот на Отава на американскиот притисок е „само послушност“, пренесува иранската агенција „Тасним“.

Изјавите доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Иран и западните земји, при што Техеран сè поостро ги обвинува САД и нивните сојузници за вмешаност во конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5tq0pbo49a3v7KOZ0Ys

Третпат го гонат поранешниот шеф на ФБИ: „Би било смешно да не беше толку ужасна злоупотреба“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа

Свет | пред 23 часа

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 2 дена

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања