Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Два танкера се запалиле откако удриле во морски мини во Ормускиот Теснец, соопшти иранската новинска агенција „Фарс“, повикувајќи се на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Иранските сили испратиле предупредување дека нафтените компании би можеле да се соочат со повисоки трошоци доколку продолжат, како што наведуваат, американските дејствија.

— реклама —

„Ако продолжат овие злосторства на арогантниот американски режим, нафтените компании ќе мора да платат повисока цена“, соопшти ИРГЦ, пренесе „Фарс“.

— реклама —

Иранската страна соопшти и дека во понеделникот над Ормускиот Теснец соборила американско беспилотно летало од типот MQ-9 „Рипер“. Во извештаите не се наведени имињата на танкерите, знамињата под кои пловеле, ниту информации за евентуални жртви. Тврдењата засега не се независно потврдени.

— реклама —

Инцидентите со морски мини во Ормускиот Теснец стануваат сè посериозен проблем. Во саботата, супертанкер бил тешко оштетен откако удрил во мина, а според тогашните информации, превезувал повеќе од два милиона барели сурова нафта. Неколку дена претходно, во Теснецот потонал и товарен брод со 2.500 контејнери, откако удрил во мина.

Иран го засилува притисокот врз пловилата во Ормускиот Теснец и Персискиот Залив, додека американската војска спроведува блокада на иранските пристаништа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library0dikmo8vmkfq6fftSkj

KFC по 40 години ја откажува соработката со „Пепси“ и преминува на „Кока-Кола“

Вирално | пред 2 дена

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Американска десничарска активистка со порака до Србите: „Гласајте за Вучиќ или подгответе се земјата да ви биде запалена“

Свет | пред 2 дена

sad

Од Белата куќа дошла наредба за ограничување на „Старлинк“ во Украина

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања