Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Иран тврди едно, САД друго: Кој го контролира Ормускиот Теснец?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) ги отфрли тврдењата на Иран за контролата врз Ормускиот Теснец, потонувањето на контејнерски брод и наводната смрт на стотици американски војници во Јордан, оценувајќи дека станува збор за невистинити информации.

— реклама —

Во објава на платформата Икс, ЦЕНТКОМ соопшти дека САД и нивните регионални партнери и натаму ја контролираат стратешки важната поморска рута и покрај, како што наведува командата, активностите на иранската Револуционерна гарда.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека контејнерски брод под знамето на Сингапур потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот Теснец, пренесува „Ал Џезира“.

— реклама —

Американската команда ја отфрли оваа верзија, тврдејќи дека цивилниот брод бил погоден од проектил од иранско потекло и потонал додека бил влечен кон брегот.

— реклама —

ЦЕНТКОМ ги демантираше и тврдењата дека припадниците на Иранската револуционерна гарда убиле стотици американски војници во Јордан.

„Тројца американски војници загинаа во борбени дејствија во јули, додека партнерските сили ги бранеа своите позиции од иранските напади“, соопшти американската Централна команда.

— реклама —

Тврдењата на Вашингтон и Техеран за инцидентот со бродот и за воените загуби остануваат спротивставени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

tan2022-10-24132289861-830x0-1

Демократите ги најавија првите чекори во Конгресот: здравствена заштита и спречување војна со Иран

Свет | пред 5 часа

— реклама —
dolari_2_337166270

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Свет | пред 14 часа

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп потврди нови американски удари врз Иран: „Го онеспособивме системот за пет минути“

Свет | пред 15 часа

media-libraryf16ilaui9ml39MEqcQv

Почина Џон Д. Рокфелер IV, поранешен гувернер и долгогодишен американски сенатор

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања