„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Ирански дрон погодил хотел во Бахреин, повредени двајца Американци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library0tlsdi22qohf0i1zz56

Двајца вработени во Министерство за одбрана на САД се повредени во ирански напад со беспилотно летало врз хотел во Бахреин, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документ на Стејт департмент на САД во кој имал увид.

Во документот испратен во неделата се наведува дека „повредени се двајца припадници на Министерството за одбрана на САД“, но без дополнителни детали. Засега не е познато дали станува збор за цивилни лица или воен персонал, ниту во кој хотел престојувале.

— реклама —

Според извештаите, во неделата наутро бил погоден хотелот „Краун Плаза“ во главниот град Манама. Стејт департментот не го коментираше случајот, додека од Министерството за одбрана не одговориле веднаш на барањата за повеќе информации.

— реклама —

Амбасадата на САД во Бахреин објави соопштение во кое ги предупреди американските државјани дека хотелите можат да бидат цел на напади и ги повика да избегнуваат престој во хотели во Манама.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања