Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

БАХРЕИН

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија ќе се вратат во земјава со специјален лет на 11 март

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека на 11 март 2026 година е организиран специјален лет за македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија.Граѓаните од Бахреин ќе бидат транспортирани со автобус на Flynas од Манама до аеродромот King Khaled International Airport во Ријад, од каде ќе се вратат во Македонија.За македонските граѓани во Кувајт, превозот со автобус на Flynas од Кувајт ќе започне ноќта помеѓу 10 и 11 март, до аеродромот во Ријад, каде ќе се приклучат на специјалниот лет кон земјата.Сите македонски граѓани во Саудиска Арабија кои треба да се вратат дома, треба да бидат присутни на аеродромот King Khaled International Airport, Терминал 1, на 11 март во 17:00 часот по локално време, информираат од МНР.МНР апелира до сите патници да го почитуваат времето на поаѓање и да се информираат за сите дополнителни инструкции за безбедно и навремено патување.

Македонија | пред 1 седмица

raketi-vojna

Бахреин тврди: Уништивме 75 ирански ракети и 123 дронови

Бахреин соопшти дека успеал да уништи 75 ирански ракети и 123 дронови откако Техеран почнал напади врз земјата за време на викендот.Во објава на Инстаграм, Обединетите одбранбени сили на Бахреин наведуваат дека и понатаму ги одбиваат последователните бранови, како што ги нарекуваат, ирански терористички напади, и ги повикаа граѓаните да останат дома, освен ако не е неопходно да излезат.Тие додаваат дека употребата на ракети и дронови против цивилни цели претставува грубо кршење на меѓународното хуманитарно право и е закана за регионалниот мир и безбедност.

Свет | пред 2 седмици

media-library6ke5je9jinkb0dsloTk

(Видео) Ирански медиуми: Американската воздушна база во Бахреин уништена

Се појавуваат извештаи за ирански напад во кој е уништена американската воздушна база во Бахреин.Снимки објавени од новинската агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, наводно прикажуваат бран ракети кои погодуваат далечни цели.Се тврди дека нападот со дронови и проектили на IRGC ја уништил командната и штабната зграда на американската база во регионот Шеик Иса во Бахреин и предизвикал експлозии на резервоари за гориво.САД засега не ги коментирале наводните напади.Претходно над американската морнаричка база во Бахреин бил видлив чад.Американското Министерство за надворешни работи им нареди на своите граѓани веднаш да го напуштат Бахреин, како и уште десетина други земји на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-library0tlsdi22qohf0i1zz56

Ирански дрон погодил хотел во Бахреин, повредени двајца Американци

Двајца вработени во Министерство за одбрана на САД се повредени во ирански напад со беспилотно летало врз хотел во Бахреин, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документ на Стејт департмент на САД во кој имал увид.Во документот испратен во неделата се наведува дека „повредени се двајца припадници на Министерството за одбрана на САД“, но без дополнителни детали. Засега не е познато дали станува збор за цивилни лица или воен персонал, ниту во кој хотел престојувале.Според извештаите, во неделата наутро бил погоден хотелот „Краун Плаза“ во главниот град Манама. Стејт департментот не го коментираше случајот, додека од Министерството за одбрана не одговориле веднаш на барањата за повеќе информации.Амбасадата на САД во Бахреин објави соопштение во кое ги предупреди американските државјани дека хотелите можат да бидат цел на напади и ги повика да избегнуваат престој во хотели во Манама.

Свет | пред 2 седмици

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Ескалација на Блискиот Исток: Над 200 мртви во Иран, напади во Дубаи и Бахреин, сирени низ Израел

Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира откако Иран соопшти дека во нападите загинале повеќе од 200 лица, а над 700 се повредени. Според иранската државна агенција IRNA, 53 лица загинале во напад врз училиште за девојчиња.Во нов бран ирански напади погодени се објекти во регионот, меѓу кои хотел во Дубаи и зграда во Бахреин. Властите во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека еден цивил загинал од крш што паднал по пресретнување на проектил.Истовремено, Катар , Кувајт, Јордан и Бахреин наведоа дека пресретнуваат проектили и беспилотни летала истрелани од Иран.Според агенцијата Reuters, во нападите биле убиени ирански министер и висок командант на Револуционерната гарда. Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните удари во Техеран биле насочени кон локации каде се собираат високи политички и безбедносни функционери.Сирени за воздушна опасност непрекинато одекнуваат низ Израел, додека тензиите се шират низ целиот регион.Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на иранските граѓани: „Се приближува часот на вашата слобода“, изјава што дополнително ја зголеми дипломатската напнатост.Светските лидери во меѓувреме повикаа на итно враќање кон дипломатски решенија и деескалација, предупредувајќи дека постои реална опасност конфликтот да се прошири на поширокиот регион.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryi9h5ie339pu46ekFhCe

(Видео) Погодена висококатница во Бахреин

Вo градот Манама во Бахреин се нападнати неколку станбени згради, потврдија властите.Екипи на Цивилната заштита се на терен и спроведуваат операции за гасење на пожари и спасување на погодените локации.Снимка која се шири на социјалните мрежи прикажува експлозија во висококатница која се наоѓа во близина на седиштето на 5. флота на американската морнарица.Иранските медиуми тврдат дека дрон погодил главно командно седиште на американската морнарица.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања