Промени тема
Контакт

ИРЛ за Минчо Јорданов: Швајцарскиот сеф на железниот олигарх

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Моторот“ на нелегалните текови на пари го чинат две работи: држави во кои е легално тајно да поседувате фирма и држави во кои е легално тајно да поседувате банкарска сметка, пишува ИРЛ. Тие констатираат: „Минчо Јорданов ги имал и двете“. Според нив, тој не е само бизнисмен и виден член на Управниот одбор на Стопанската комора, Минчо Јорданов е и единствениот бизнисмен што истовремено бил јавен функционер кој се најде во податоците од меѓународната истрага на швајцарската банка „Кредит Свис“.

„ИРЛ и партнерите ќе откријат дека тој поседувал осум сметки – три лични и пет на име на компании што ги претставува. Сметките се отворени во периодот од 2000 до 2009 година, кога Минчо Јорданов ќе добие доверба да биде заменик-премиер од 2004 до 2006 година во владата на СДСМ, предводена од Владо Бучковски. Медиумското покривање во првите две децении од независноста сугерира дека финансискиот успех на Минчо Јорданов почива на приватизацијата на повеќе поранешни општествени гиганти, а богатството го создава преку голем број државно спонзорирани зделки кои Јорданов ги ужива во текот на целата своја бизнис-кариера. ... Кога во јули 2006 година ќе истапи од функцијата вицепремиер во Владата, Минчо Јорданов ќе стане побогат за уште две фирми – и двете поранешни државни гиганти. Нема да поминат ни два месеца кога во август 2006 година Државната комисија за хартии од вредност ќе ја објави понудата на „Репро оне лимитед“ со која за речиси 600 000 евра Јорданов ќе го откупи мнозинскиот пакет обични акции. Годишно „Факом“ му носи по повеќе од пет милиони евра дивиденда на Јорданов“, пишува ИРЛ.

— реклама —
— реклама —

Тие посочуваат и: „Следната 2008 година „Репро оне лимитед“ ќе ја преземе поранешната најголема државна градежна фирма – АД „Бетон“. Удел во фирмата ќе има и украинскиот тајкун и политичар Сергеј Тарута, кој исто така е во одборот на директори на „Макстил“. По три години од преземањето, АД „Бетон“ ќе стане клучна во реализацијата на најскапиот државен проект – „Скопје 2014“. Преобразбата на главниот град во неокласичен стил ќе биде оценета за крик на национализмот, а ќе го проследуваат обвинувања за криминал, корупција и низок квалитет. Тој ќе учествува во изградбата најмалку третина од проектот кој надмина 700 милиони евра буџетски трошоци. Од овој проект „Бетон“ зеде тендери вредни повеќе од 200 милиони евра. Во последните десет години „Бетон“ се одржува во живот со државни тендери кои заедно надминуваат 300 милиони евра“.

— реклама —

Повеќе: Швајцарскиот сеф на железниот олигарх | ИРЛ (irl.mk)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања