Семејството трага по 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од село Фалипе, кој во неделата утрината околу 10 часот излегол од својот дом со намера да оди кон Тетово и оттогаш не е пронајден.
Според пријавата, Серафимовски бил облечен со блуза со крагна и со пруги, сини кратки панталони и шапка со крем боја.
Семејството апелира дека доколку некој го забележи, веднаш да се јави во полиција на бројот 192, на бројот за итни случаи 112 или директно кај нив на телефонскиот број 077/939-884.