Скопјанец исчезнал на плажа во Охрид, на брегот му се најдени алиштата и телефонот
Полицијата, нуркачки тимови и спасувачи трагаат по 32-годишен скопјанец кој исчезнал во Охрид, откако неговиот татко пријавил дека го напуштил автокампот каде што престојувале.Според полициското соопштение, З.С. од Скопје на 14 септември во 18:10 часот пријавил дека неговиот син Б.С. (32) го напуштил кампот. Подоцна, на плажата биле пронајдени дел од неговите алишта, мобилниот телефон и гумен чамец.Веднаш по пријавата, во потрагата се вклучиле полициски екипи од Езерската полиција и од СВР Охрид
Македонија | пред 2 седмици