Промени тема
Контакт

(Фото) Масовно се споделува апел: Исчезнат маж од Скопје, последен пат виден во Ново Лисиче - го бара и полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-librarynar9o8bv7l7n1MpBlba

МВР трага по 52-годишен маж чие исчезнување денеска било пријавено во СВР Скопје. Според полициските информации, лицето исчезнало на 6 август, односно пред пет дена.

„На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С.(52), кој според пријавителот исчезнал на 06.08.2026. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти МВР.

— реклама —
media-libraryo25ns3tqtq9ua2jYHpo

Паралелно со полициската потрага, на социјалните мрежи масовно се споделува апел за негово пронаоѓање. Во објавите се наведува дека последен пат бил виден во скопската населба Ново Лисиче, а семејството и блиските бараат помош од граѓаните кои можеби го виделе или располагаат со информација за неговото движење.

Апелот во текот на денот го споделија повеќе граѓани и јавни личности, со повик информациите што би можеле да помогнат што побрзо да стигнат до семејството и надлежните институции.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни околности за исчезнувањето, освен дека се преземаат мерки за пронаоѓање на 52-годишникот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypgbk54c79evgcBFa9Ll

Исчезна 83-годишен скопјанец, семејството со апел до граѓаните

Скопје | пред 1 седмица

media-librarynar9o8bv7l7n1MpBlba

Внукот на исчезнатиот скопјанец: забележан бил на повеќе локации во Скопје, уште трагаме

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryps9re3vj1i5scvqaHSc

(Фото) Се бара скопјанка со деменција, можно е да е во автобус на линијата 22: ако ја видите, задржете ја

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryps9re3vj1i5scvqaHSc

Се трага по исчезната жена со деменција, последно видена во Црниче

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања