Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Сè уште се трага по 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар, кој исчезна пред речиси еден месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Македонија
media-libraryc784s86nm80v3V6CjrD
Фото: МВР

Семејството на 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар речиси еден месец нема никакви информации за неговото исчезнување. Тој последен пат бил виден на 13 октомври, кога го напуштил семејниот дом, по што не се вратил. Досегашните полициски активности и теренски пребарувања не довеле до негово пронаоѓање.

— реклама —

Во потрагата била вклучена и Дирекцијата за заштита и спасување. На 21 октомври, нејзини екипи, заедно со полицијата и локалните служби, го пребарувале коритото на реката Вардар во Гостиварско. Припадниците на Тимот за брз одговор за спасување на води проверувале повеќе критични локации, почнувајќи од градското подрачје и продолжувајќи низводно.

— реклама —

И покрај деталното пребарување на десетина места во реката, следниот ден било потврдено дека Шабани не е пронајден. За потребите на потрагата било побарано и намалување на нивото на Вардар.

Паралелно, полицијата презела и други истражни активности. На разговор биле повикани лица кои имале контакт со исчезнатиот пред да му се изгуби трагата, а биле прегледувани и снимки од безбедносни камери и податоци за неговото движење.

— реклама —

Фотографијата на Шемо Шабани е објавена на официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи, во регистарот на исчезнати лица.

— реклама —

Од граѓаните кои располагаат со информации што би можеле да помогнат во потрагата се бара да ги споделат со полицијата во најблиската полициска станица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library455h9jtekdj59WnvBG3

Еден месец без трага од Љупчо – семејството прашува: „Кој активно ја води потрагата?“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarypgbk54c79evgcBFa9Ll

Исчезна 83-годишен скопјанец, семејството со апел до граѓаните

Скопје | пред 2 месеци

media-librarynar9o8bv7l7n1MpBlba

Внукот на исчезнатиот скопјанец: забележан бил на повеќе локации во Скопје, уште трагаме

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynar9o8bv7l7n1MpBlba

(Фото) Масовно се споделува апел: Исчезнат маж од Скопје, последен пат виден во Ново Лисиче - го бара и полицијата

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања