Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пожар во камп приколка, грабеж и исчезнато лице – полициски билтен за Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
ambulanta

Во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи се евидентирани неколку инциденти на подрачјето на Скопје – пожар, физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и пријавено исчезнато лице.

— реклама —

Вчера, околу 17:20 часот, во камп приколка поставена на нива во атарот на селото Долно Лисиче, во која престојувал В.Н. (68), избувнал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Ноќеска околу 00:37 часот, 40-годишниот Н.И. од Скопје пријавил дека два дена претходно, на 24 октомври околу 21 часот, на подрачјето на Бит Пазар, бил нападнат од неколку машки лица кои со употреба на физичка сила му одзеле чанта со документи, мобилен телефон и пари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Вчера во 08:05 часот, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 06:30 часот, во нејзиниот дом во Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, 31-годишниот М.Т. од Скопје.
По документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок до надлежните органи.

— реклама —

На 25 октомври во 22 часот, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17 часот, на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои таа ги познавала, додека трето лице го снимало нападот со мобилен телефон. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицата и расчистување на случајот.

На 25 октомври околу 18:30 часот, по претходна сообраќајна несреќа во селото Средно Коњари (општина Петровец), бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу шест лица. Во инцидентот учествувале Ш.М. (47) од една страна и А.Ќ. (38), Е.Ќ. (62), А.Ќ. (71), И.Ќ. (54) и А.Ќ. (26) од другата. При пресметката бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат кривични пријави.

— реклама —

На 25 октомври во 12 часот, во Полициската станица Карпош, 69-годишниот И.Т. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга А.Т. (54), која имала здравствени проблеми и и претходно се оддалечувала, по што била пронајдена и вратена.
Полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 4 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 4 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања