Промени тема
Контакт

Скелет од македонски државјанин пронајден во подрум во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryn2d8c22ahce09QyC9Oa

Скелет пронајден минатиот јули во подрум на куќа во бриселската општина Форест е идентификуван како Реџеп Рахмановски, македонски државјанин кој исчезнал во 2003 година, соопшти Федералната полиција на Белгија.

Човечките остатоци биле откриени на 16 јули минатата година од работници за време на реновирање на објект во улицата „Капорал Трезињи“. По пронаоѓањето, Јавното обвинителство во Брисел веднаш отворило истрага и ангажирало форензичари, лабораторија на федералната полиција, експерти за идентификација на жртви, како и антрополог, со цел расветлување на случајот.

— реклама —
— реклама —

Со форензичка анализа е утврдено дека станува збор за Реџеп Рахмановски, роден на 25 јули 1976 година. Тој последен пат бил виден во ноќта меѓу 16 и 17 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место во ресторан во централното подрачје на Брисел, по што бил пријавен за исчезнат.

Надлежните институции упатија јавен повик до сите граѓани кои располагаат со информации поврзани со Рахмановски или со околностите на неговото исчезнување да се јават кај полицијата, при што, како што е наведено, целосна дискреција ќе биде загарантирана.

— реклама —

Од полицијата информираат дека, врз основа на форензичките наоди, издаден е и налог за претрес на куќата каде што биле пронајдени остатоците, со надеж дека ќе се обезбедат дополнителни сознанија за тоа што му се случило на жртвата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library455h9jtekdj59WnvBG3

Еден месец без трага од Љупчо – семејството прашува: „Кој активно ја води потрагата?“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarypgbk54c79evgcBFa9Ll

Исчезна 83-годишен скопјанец, семејството со апел до граѓаните

Скопје | пред 2 седмици

media-librarynar9o8bv7l7n1MpBlba

Внукот на исчезнатиот скопјанец: забележан бил на повеќе локации во Скопје, уште трагаме

Македонија | пред 1 месец

media-librarynar9o8bv7l7n1MpBlba

(Фото) Масовно се споделува апел: Исчезнат маж од Скопје, последен пат виден во Ново Лисиче - го бара и полицијата

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања