„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Осум месеци мистерија: „Мики, те чекаме брате наш“ – емотивна порака за роденденот на Тодоров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryc84gdnu8qtna9sVne3q

Осум месеци по исчезнувањето на 28-годишниот Милe Тодоров од Неготино, неговата судбина и понатаму останува непозната.

— реклама —

Тој исчезнал на 30 јануари 2025 година, а последен пат бил виден во селото Марена, во близина на Кавадарци. Според сведоци, бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек.

Исчезнувањето на младиот маж предизвика огромна загриженост во јавноста. Семејството и полицијата презедоа интензивни мерки и потрага, во која беа вклучени нуркачи, дронови и волонтери.

— реклама —

Во февруари беше пронајден неговиот мобилен телефон покрај реката Луда Мара, на потегот меѓу селата Глишик и Марена — наод што дополнително ја зголеми тревогата кај семејството.

Според неговата сестра, Марија Атанасиевиќ, постоеле наводни забележувања на лице со сличен опис во пределот на планината Серта – видно ослабено, со подолга коса и брада. Таа апелираше до граѓаните доколку забележат лице со вакви карактеристики веднаш да пријават во полиција.

Вчера, неговата навивачка група „Винари“ упати емотивна порака по повод роденденот на исчезнатиот пријател:

„Среќен роденден на нашиот брат Скeчо, кој сè уште е исчезнат и за кого нема никаква информација до денес.
МИКИ, ТЕ ЧЕКАМЕ, БРАТЕ НАШ ❤️

И покрај изминатото време, потрагата не е запрена. Полицијата продолжува со истрагата, а семејството не губи надеж дека Милe ќе биде пронајден жив и здрав.

„Се надеваме дека ќе го прегрнеме повторно. Го молиме секој што има било каква информација – нека се јави. Секоја минута е важна,“ порачува семејството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

policija-1313

Пронајдено тело на жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Македонија | пред 1 ден

media-libraryo5g524an6grpfHsUH5W

(Видео) Објавени снимки како е ограбен тутунар од Прилеп: „Ова не е кражба на тутун, туку на месеци труд и иднина“

Настани | пред 1 ден

media-library28ifr0mh66ngfOZfpK1

(Видео) Сообраќајка на раскрсницата кај „Скендербег“: се судрија мотоцикл и автомобил

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryrg82p2kr0r3h8Gkd5X7

Исчезна 48-годишен велешанец: Полицијата и семејството трагаат по Стојанче Клифов, се бара помош од јавноста

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања