Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

Адвокатот Војо Димоски со остра реакција ги коментираше оценките на Совет на јавни обвинители за кандидатите за државен јавен обвинител, оценувајќи дека институцијата ја издигнала „праксата на немање став“ на ниво на уметност.

Според Димоски, фактот што Советот оценил дека четворица кандидати имаат ист капацитет, исти досегашни резултати и исто знаење за функцијата, е спротивен на здравиот разум и на логиката на веројатност. Тој смета дека ваквата одлука е очекувана, имајќи предвид, како што наведува, начинот на кој се врши изборот на правосудни функционери.

— реклама —

„Ако некому не му е јасно каков е штофот од кој се направени мнозинството правосудни функционери нека го погледне Советот на јавни обвинители.

— реклама —

Тие праксата на немање став за работите денеска ја издигнаа на ниво на уметност. По нивната проценка четворица кандидати имаат ист капацитет, исти досега покажани резултати и исто знаење за функцијата Државен обвинител. Тоа се коси со теоријата на веројатност и со здравиот разум, ама од друга страна е сосема очекувано како избор на луѓе кои и самите се резултат на негативна селекција.

— реклама —

Трагедијата е дотолку поголема што овојпат, можеби првпат досега, имаа избор кој се движи во распонот од слепи послушници до кандидати со потврден интегритет и стручност.

Сега останува Владата да направи чисто политички избор помеѓу кандидатите кои Советот неправедно ги изедначи.

Просто кажано:за една работа земаат плата во Советот и кога ќе дојде време да ја сработаат ја префрлаат на друг.

Еден мој драг професор, Бог да го прости за негов колега велеше: Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат!“, напиша Димоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ohgb06ldvnd1fR9o64

(Фото) Тешка сообраќајка во Ченто: БМВ целосно уништено по судир со „голф“ кој заврши во автобуска постојка

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarygp8a2sllms369ul6Fji

„Пулс“, СЈО и Жан Митрев се клучните тестови за Савески, следуваат тешки одлуки за обвинителот Савески, вели професорот Дескоски

Коментари | пред 2 седмици

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 1 месец

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања