Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Скопјанецот Игор Јуруков јавно го сподели своето искуство со системот „Безбеден град“, откако, како што тврди, добил казна за пречекорување на брзина што, според него, не ја сторил. Наместо возилото што навистина се движело со поголема брзина, казната завршила на негово име, поради, како што објаснува, начинот на кој функционира системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.

— реклама —

Според неговото сведочење, инцидентот се случил додека се движел во група возила по булеварот „Илинденска“, кога сите забавиле поради црвено светло. Во тој момент, меѓу возилата поминало моторче, по што на неговиот телефон пристигнала СМС-порака за пречекорување на брзина и казна од 15 евра. Јуруков тврди дека радарот ја регистрирал брзината на моторот, а софтверот од камерата ја поврзал со неговата регистрација, бидејќи моторите немаат предна регистарска табличка.

— реклама —

Следувала низа административни чекори. На шалтер за „сејф-сити“ во МВР бил упатен да се обрати во полициска станица, од каде што, пак, бил насочен кон судот за прекршоци. Таму му било објаснето дека треба да поднесе жалба во два примероци, но бидејќи возилото било службено, од него било побарано дополнително да даде изјава во полиција дека токму тој управувал со автомобилот.

— реклама —

По повторни одења во полициска станица и доставување на патен налог и полномошно, Јуруков вели дека службено лице го советувало да ја плати казната со 50 отсто попуст, бидејќи „нема шанси системот да згреши“. Тој одбил и инсистирал на поднесување изјава, по што требало да добие нов записник на свое име.

И покрај најавите дека новата документација ќе пристигне веднаш или најдоцна следниот ден, тоа не се случило, па Јуруков повторно се вратил во полициската станица. По неколкудневна упорност, конечно добил нов записник со нов датум.

Потоа следувала нова посета на судот, каде наместо две, од него биле побарани три копии од документацијата. По дополнително враќање со потребниот број примероци, жалбата била примена, но без јасен одговор дали рокот од осум дена за плаќање на казната ќе биде стопиран.

Јуруков оценува дека случајот за стручно лице од областа на сообраќајот би бил едноставен, но укажува дека постапката за поднесување жалби е бавна и административно оптоварена. Според него, потребно е системско решение што ќе овозможи поедноставна и поефикасна постапка, наместо, како што вели, „шетање по шалтери и копии на хартија“.

Тој изрази надеж дека судската постапка ќе донесе разрешница и дека ваквите случаи ќе придонесат кон подобрување на системот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynhpt3n4oh2rjfHXHtLB

Села пак се огласи: „Безбеден град“ создава несигурност и неправда особено кај Албанците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfisefdcltqbg3o3TEFQ

До 200 метри, четири ленти и 24 часа контрола: што сè можат камерите на „Безбеден град“

Македонија | пред 2 седмици

media-library7eu3qlol61n1aaUNNU7

Мицкоски: „Безбеден град“ спасува животи, не етнизира

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања