Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Продолжува потрагата по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар, повторно ангажирани специјализирани тимови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 48 минути -

Македонија
media-library4vt1boli6ab1cFe38UQ

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повторно ги активираше специјализираните тимови во потрагата по лицето кое исчезна во реката Вардар кај Гостивар. Тимовите се ангажирани по вторпат, на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР).

— реклама —

Како што информираат од ДЗС, во теренските активности учествува и заменик-директорот на институцијата, Кашмир Салиу.

— реклама —

Во потрагата е вклучен Тимот за брз одговор за спасување на води, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на ДЗС во Гостивар.

— реклама —

Пребарувањето се одвива по течението на реката Вардар, почнувајќи од критичните точки во градот и продолжувајќи кон низводните подрачја. Акцијата се спроведува во координација со полицијата и локалните служби.

— реклама —

Од Дирекцијата упатуваат апел до граѓаните доколку имаат какви било информации за исчезнатото лице или забележат нешто покрај коритото на реката, веднаш да пријават во полиција или на телефонскиот број 112.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryc784s86nm80v3V6CjrD

МВР по протестот за Шемо: Потрагата по исчезнатиот продолжува, досега нема пронајдени траги

Слајдер | пред 1 седмица

— реклама —
IMG_6897

Се трага по 15-годишник од Битола – избега од установата за згрижување деца во Козле

Македонија | пред 1 година

todora-1

Трагичен крај по шестдневната потрага: Во Вардар пронајдено телото на исчезнатата 16-годишна Теодора

Македонија | пред 1 година

todora

Молат за помош да ја најдат 16-годишната Теодора Бабарчиќ која пред пет дена исчезна во Вардар

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања