Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Исчезна 48-годишен велешанец: Полицијата и семејството трагаат по Стојанче Клифов, се бара помош од јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryrg82p2kr0r3h8Gkd5X7

Полицијата и семејството на велешанецот Стојанче Клифов (48) интензивно трагаат по него, откако околу полноќ во сабота кон недела му се изгубила секоја трага. Неговото исчезнување предизвика голема вознемиреност во Велес, а блиските апелираат до граѓаните да помогнат со каква било информација.

— реклама —
— реклама —

Неговата сестра Наташа за „Викимедиа“ изјави дека Стојанче живеел со родителите и никогаш досега не се случило да замине без да каже каде оди. Како што вели, овој пат излегол ненадејно и неочекувано, без да остави каков било траг,

Според досега собраните информации, Стојанче излегол околу полноќ, а последен пат бил виден во такси-возило кое го оставило во близина на маркетот „Жито“. Со себе го имал мобилниот телефон, но веднаш по излегувањето од возилото сигналот му се изгубил.

media-libraryje1eh0369ugffv2FZEV

Сестрата наведува дека станува збор за крупен човек, висок околу 1,83 метри. Семејството е вознемирено и порачува дека секој детал може да биде пресуден за откривање на неговата местоположба.

За сите информации што можат да помогнат, отворен е контакт број: 076 226 323.

Денес семејството заедно со родителите официјално го пријавило исчезнувањето во полициската станица, а потрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 2 седмици

media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Македонија | пред 3 седмици

media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања