Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Исчистена депонијата во Карпош, ќе се прави парк со ботаничка градина на 86.000 квадрати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
20211024104937

Големиот зелен парк спроти Карпош 4 е еден од клучните проекти, чија реализација е веќе започната со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија, вели Душко Весковски кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ.

— реклама —

„Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, со што на површина од 86.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и тематски содржини за сите генерации. Ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесеме за зголемувањето на зелените површини во општината, за најмалку 20 проценти до крајот на 2025 година, вели Весковски.

— реклама —
— реклама —

Додава дека иако живееме и работиме во време на дигитализација и брз напредок на технологијата, но во ниеден момент не смееме да заборавиме на спортските и рекреативни активности, маалскиот живот, дружбите, детската смеа по парковите, првите симпатии на некоја „наша клупа“ и пензионерските денови минати во дружба со пријателите на партија шах.

— реклама —

„Паркот во Карпош 4 ќе биде токму тоа место каде што секојдневието ќе добие поинаква димензија и каде што ќе дозволиме времето да застане, барем за еден миг, вели Весковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања