Исчистена една од најголемите диви депонии во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
20211219141806

Викендов е исчистена една од најголемите депонии во општина Кисела Вода, во близина на цигланата во Драчево.

— реклама —

За оваа акција се офалија и општинските, и градските власти, односно вчера за тоа преку својот фејсбук профил информираше градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, додека, пак, денеска таква објава даде и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

— реклама —

„Преку 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад денес беа отстранети од една од најголемите диви депонии во општина Кисела Вода. На местото на дивата депонија во близина на цигланата во Драчево, сега има чиста површина која жителите може да ја користат за прошетка.

— реклама —

Апелирам, оние кои досега се однесувале несовесно и исфрлале отпад на овие диви депонии да се откажат од ваквите намери. Кисела Вода мора да биде модерна, чиста и зелена општина и во таа мисија нема да има селективност и толеранција“, напиша Ѓорѓиевски.

„Во соработка со општина Кисела Вода е исчистена една од најголемите диви депонии во оваа општина, во близина на цигланата во Драчево, од каде беа отстранети повеќе од 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад.

Скопје ќе биде чист, зелен град без диви депонии, а за секој оној кој ја загадува животната средина и со тоа го загрозува и здравјето на скопјани, ќе биде санкциониран без селективност“, објави градоначалничката Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања