Eкипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен, информира градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
„Навремено се исчистени сите критични места во Општина Бутел како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот.
Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките и тротоарите.
Општина Бутел ќе ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање“, додава тој.